Прозорците и вратите значително ја обликуваат сликата на фасадата и на секоја зграда ѝ даваат уникатен изглед. КАЛЕИДО КОЛОР на РЕХАУ Ви нуди огромен избор на варијации на бои и дизајни, така што фантазијата за индивидуалната изведба на Вашите објекти е неограничена.
Покрај бојата, стилското оформување го дефинираат и обликот и големината на прозорците и вратите. Пластичните профили од РЕХАУ ви отвораат дизајнерски опции, за кои можеби до денес не сте ни помислувале. Со системите од иновативни материјали (како ГЕНЕО од РАУ‑ФИПРО), покрај тоа може да се изградат големини што досега конвенционално не можеа да се реализираат.
100 % РЕХАУ квалитет
Сите фолии и бои темелно се анализираат пред прва употреба, се подвргнуваат на долготрајни тестови и на највисоки оптоварувања. Откако ќе се потврдат сите тестови, тогаш зборуваме за РЕХАУ квалитет. За Вас тоа значи дека добивате производ со највисоки индустриски стандарди, во комбинација со целосна гаранција од производителот.